Постојат се повеќе докази дека природата, без разлика дали станува збор за градинарство во домашни услови, прошетка во планина или во парк има позитивно влијание врз менталното здравје.

Природата ја подобрува когнитивната функција, нуди релаксација, помага во справување со траума и ублажува одредени здравствени симптоми кај луѓето.

Повеќе студии, периодов, конкретно го разгледуваа ефектот на зелените површини. Во време кога многу луѓе поголемиот дел од времето се дома поради ограничувањата од пандемијата на коронавирусот, за многумина, градинарството во домашни услови беше една од најпристапните опции до зелени површини. Но, дали овие мали зелени површини ги нудат истите придобивки за нашето ментално здравје?

unsplash

Со оглед на фактот дека светските власти како сè повеќе да ги асфалтираат градските површини, многу луѓе се обидуваат сами да си го надокнатат недостигот на зеленило, користејќи го личниот простор како мост помеѓу приватниот и јавниот живот. Терасите и дворовите се видливи за секој сосед и обичен минувач, па така несомено придонесуваат и за благосостојбата на заедницата.

Едно истражување во Велика Британија ги анализирало физиолошките и психолошките нивоа на стрес пред и по додавањето на растенија во личниот простор на луѓето. Со фокус на нивото на кортизол кај учесниците на возраст од 21 до 86 години (понекогаш нарекуван „хормон на стрес“) и разговор за сопствената перцепија за стрес.

Истражувачите додале жардиниери со украсни растенија, вклучувајќи петунија, рузмарин, лаванда, азалеа и други растенија кои биле избрани заради леснотијата на одржување.

unsplash

Исто така, на испитаниците им обезбедиле компост, им ги посадиле растенијата за да се осигураат дека сите градини ќе бидат слични. На учесниците им биле дадени совети за тоа како да ги одржуваат и наводнуваат своите растенија и им било дозволено да додадат и други растенија.

Во период од една година, истражувањето открило дека имањето растенија резултира со пад од 6% на перцепираните нивоа на стрес кај сите испитаници. Намалувањето од 6% е еквивалентно на долгорочното влијание на осум седмични сесии со професионална психолошка помош.

Истражувањето исто така открило значајни промени во нивото на коритизол кај учесниците. Кортизолот е главниот хормон одговорен за нивото на стрес во организмот, кој воедно го регулира нивото на квалитетен сон и енергија. Кортизолот обично достигнува врв додека се будиме, а се намалува навечер.unsplash

24% од испитаниците имале здрава дневна концентрација на кортизол на почетокот на студијата. По три месеци се зголемило на 53% по додавањето на растенија во нивното секојдневие, што укажува на подобро ментално здравје кај овие учесници.

Растенијата имаат позитивно влијание врз погледот кон животот, допринесуваат за развивање на позитивно чувство, чувство на гордост и поголема мотивација за подобрување на локалното опкружување. И најмалата градина е ценета и се гледа како место за одмор.

unsplash

Благосостојбата од растенијата се заснова на две теории за психологија во животната средина: теорија за обновување на вниманието и теорија за намалување на стресот.

Двете психо-еволутивни теории се засноваат на хипотезата за биофилија на Вилсон, дека луѓето имаат вроден афинитет кон природната средина.

Теоријата за обновување на вниманието предлага изложеноста на природна средина да ја врати нашата способност да се концентрираме на задачи кои бараат напор и насочено внимание.

unsplash

„Трошењето“ време во природна средина бара помалку „мозочна моќ“, бидејќи не треба да се фокусираме толку многу на специфични стимули или задачи. Природата предизвикува моментални емоционални одговори и помалку негативни чувства.

Резултатите од истражувањето ја покажуваат важноста на дури и најмалите зелени површини за намалување на стресот и може да бидат важни размислувања во локалното планирање, урбаниот развој и здравствената и социјална грижа.

unsplash

Навистина е потребно интегрирано размислување за еколошки фокусирани урбанистички стратегии и иницијативи за повеќе зелени површини затоа што значително влијаат врз перцепцијата на луѓето, здравјето и нивната благосостојба.