Со зголемување на цените на горивата власта годишно ќе земе по 54 милиони евра од џебот на народот и сметките на фирмите. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека тоа ќе значи поголема сиромаштија и потешка егзистенција кај илјадници семејства.
„Зголемената цена на горивата со таканаречената зелена такса ќе влијае и на зголемување на цените сите производи, од прехранбени до услуги. Над 100.000 земјоделци се главно погодени од ова покачување на горивата и тие ќе имаат уште поголеми трошоци за производство“, велат од опозицијата.
Тие обвинуваат дека народот и стопанството преку зелената такса ќе го плаќаат крадењето на власта во изминативе години.
„Преплатените јавни набавки и изборниот поткуп го испразнија буџетот и заради истите Заев ја задолжи Македонија 2.4 милијарди евра, а секое семејство во просек по 4.800 евра “ велат од партијата.