Генералниот секретар на Владата, Мумамед Зекири, за Balkan Talks вели дека пописот во 2012 преминал од статистички во политички и затоа пропаднал, додека најавениот од 1 април нема да доживее такво фијаско и дека Албанците ќе се пребројат реално.
„Законот е усогласен според европските стандарди, во 2012 година пропадна заради политизација на регистрацијата, каде што сакаа регистрација да ја спроведат надвор од законот и овој процес беше прекинат“, вели потпретседателот на СДСМ.
Мухамед Зекири одговара на полемиките на македонската опозиција за пописот, велејќи дека без Албанците нема Северна Македонија.
„Никој не може вештачки да го зголеми бројот, но тие имаат проблем со начинот на размислување за политиката. Македонија нема држава без Албанци и нема држава без свои граѓани. Треба да го гледаат тоа како статистички процес. Правата што ги добила една заедница секогаш ќе бидат тука засекогаш и ние ќе го спроведеме овој попис до крај“, рече Закири.
За спорот со Бугарија, поранешниот пратеник вели дека македонската страна е во постојан контакт со бугарската заради негово решавање, ддоека руските и кинеските вакцини биле избрани заради здравјето на луѓето, но вели „се знае дека нашата насока е кон Западот“.