Британскиот пејач Зејн Малик на својот инстаграм – профил реагираше по израелскиот напад врз опколената Газа, придружувајќи им се на другите славни личности кои изразија солидарност со Палестинците
Пејачот со пакистанско потекло на социјалните мрежи објави порака за поддршка на народот на Палестина.
„Јас го поддржувам палестинскиот народ и го поддржувам нивниот отпор кон колонизација и заштита на нивните човекови права. Срцето ме боли за семејства кои ги изгубиле своите најблиски. Не можеме да бидеме неми сведоци и да не бараме човекови права за сите Палестинци! Ова мора да престане. „Ослободете ја Палестина“, напиша тој.
Најавата на пејачот Малик многу брзо собра над 3,5 милиони лајкови.
Претходно, неговата партнерка, моделот Џиџи Хадид, преку социјалните мрежи го осуди насилството на Израел врз Палестинците. Инаку, таткото на манекенката е роден во Палестина.
„Не можеме да се залагаме за расна еднаквост, ЛГБТ, да ги осудуваме корумпираните и насилни режими и други неправди и сепак да одлучиме да го игнорираме палестинското угнетување кое не запира. Не можете да бирате чии човекови права се поважни“, напиша таа.
Нејзината сестра, исто така, моделот Бела Хадид, ги поддржа Палестинците со серија фотографии на својот инстаграм -профил, барајќи од нејзините следбеници да се образуваат на оваа тема.