Во врска со спорот со Бугарија околу евроинтеграциите на Северна Македонија, генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири во емисијата „24 анализа“ напомена дека прашањето не е безбедносно и дека очекува позитивен исход.
„Прашањето со Бугарија го преговараме, но тоа не е безбедносно прашање, не може да потпишеш нешто што не сакаш да потпишеш. Ќе видиме кој ќе состави влада во Бугарија, но двете земји сме соседи, сме членки на НАТО, имаме оофицијални канали за преговори, Бучковски мислам дека денеска отпатува за Софија, така што очекувам позитивен изход од овој процес, вели Зеќири.