Франција спроведува политика на одвраќање од мигрантите кои сакаат да преминат во Обединетото Кралство, а протерувањето и малтретирањето луѓе станаа речиси секојдневна појава, според „Хјуманс рајтс воч“, во извештајот.
Според набудувачите на човековите права, кои ја следат состојбата на илегалните мигранти во тој дел на Франција, полицијата минатата година изврши околу 950 операции за депортација во Кале и 90 во Гранде-Синте, при што заплени 5.000 шатори, вреќи за спиење и шаторски крила.
„Ништо не може да го оправда понижувањето и секојдневното малтретирање на овие луѓе. Ако целта е да се обесхрабрат мигрантите да не пристигнат во северна Франција, таквата политика не успеа, тоа само ги турка овие луѓе во уште поголема беда“, вели Бенедикет Џанерод, директорка на Француски огранок на Здружението.
Министерот за внатрешни работи не одговори на барањето за коментар за ситуацијата со мигрантите.