Здружението на историчарите на Македонија преку соопштение реагира поради отсуството на Историјата во наставните програми за VI одделение, и бара мораториум на концепцијата за основно образование.
,,Здржението посочува дека до министерството за образование и наука поднеле барање за повлекување на учебникот по новововедениот предмет „Историја и општество“ за V одделение, поткрепено со критичка анализа на 30 страници, во која нотирале 60 сериозни пропусти и грешки во концепциска, содржинска и методолошка смисла, при што предупредиле дека тие ќе создадат кај учениците погрешни претстави не само за минатото, туку и за сегашноста. Јавно прашуваат дали овој учебник е повлечен од употреба, со оглед дека посочените пропусти ги надминуваат законски предвидените 30%.
Бараат од министерството да иницира јавна дебата за подготовка на нова концепција и враќање на историјата за VI одделение и мораториум на концепцијата за основно образование