Подобар од било кој синтетички антибиотик поради што е во употреба веќе 2,000 години. Пчелите го собираат и го мешаат со секретот од виличните жлезди, ензимски го подификуваат така што најважните супстанции флавоноиди, стануваат активни.

-Против кандида

Кандидата е инфекција предизвикана од габата Кандида Албиканс. Ова е најчест тип на габична инфекција пронајдена во устата, цревниот тракт и вагината, а може да влијае и на кожата. Ако имунолошкиот систем функционира оптимално, овој вид на инфекција е ретко сериозна. Меѓутоа, ако имунолошкот систем не функционира правилно, инфекцијата на кандида може да мигрира на други подрачја на телото, вклучувајќи ја и крвта и мембраната околу срцето или мозокот. Прополисот се покажал како исклучително ефикасен во остранувањето на овој вид на габична инфекција.

-Грло и кашлица

Својата примена ја наоѓа и кај воспаленијата и болките во грлото па дури и кај кашлица. Се советува испирање на грлото преку капки кои се користат растворени во вода. Прополисот содржи богата мешавина од витамин Б и минерали поради што се покажал како одличен лек против кашлица.

-За афти

Афтите се бели ранички во устата кои можат да бидат доста непријатни и болни, особено ако ги допрете со јазикот или храната. Иако не се заразни нити опасни за здравјето, нивното пецкање е доста иритантно, а поради тоа се стално влажи од плунката и процесот на лечење е спор.
Афтите се јавуваат во текот на повреди со четка за заби, бомбони, јак загриз или зачинета храна. Пчелниот прополис е природен антибиотик и антисептик кој делотворно лечи афти. Нанесете неколку капки на чепкалка за уши и притиснете на афтата и држете неколку секунди.

-Против прелада

Прополисот може да се користи како прва линија на одбрана кај бактериските инфекции, пред да се посегне по антибиотски лекови. Причини за прелага и грип не се бактерии, туку вируси, па во тој случај е подобро да се одлучите за прополис за имунитет затоа што тој има антивирусно дејство.
Често вирусните и бактериските инфекции се мешаат а антибиотиците се користат непотребно и кај вирусни инфекции (антибиотиците не делуваат на вируси), најдобро би било да изберете прополис затоа што тој има широко дејство.