Дел од вработените во шведската Јавна здравствена агенција добија полициска заштита откако им биле упатени смртни закани поради пристапот што го имаа на почетокот од пандемијата со Ковид-19.

Во Шведска на почетокот од пандемијата социјалното дистанцирање и маските не беа задолжителни, туку на доброволна основа.

Во Швеска досега од последици од Ковид-19 починаа над 12.500 луѓе, но бројот на починати по глава на жител е многу поголем во споредба со нордиските држави, но помал во однос на западноевропските земји кои имаа ригорозни рестриктивни мерки.

Високата стапка на смртни случаи предизвика дебата дали властите требаа да воведат поригорозни мерки, а во фокусот е насочен кон главниот епидемиолог Андрес Тегнел.

-Ова отиде предалеку, да добиваме и смртни закани, кои сега ги истражува полицијата, изјави директорот на Јавната здравствена агенција Јохан Карлсон.

Тој додаде дека заканите почнале уште минатата пролет.

-Заканите се насочени кон истакнати личности, а во меѓувреме се зголеми бројот на заканувачки пораки. Секој ден ги добиваме. Имаме луѓе кои ги чува полицијата, посочи Карлсон.  (МИА)