Поради неговите својства, грејпфрутот е квалификуван како диететско овошје. И навистина, целулозата, семето и кората на овој цитрус содржат голем список на здравствени благодети.

Еве неколку здравствени проблеми кои семето на грејпфрутот може да ги реши. Сите сме запознати со здравствените предности од консумирањето на грејпфрутот, но дали знаевте дека и семето на ова овошје е исто така многу лековито?

Од семето на овој цитрус се цеди екстракт кој има лековити својства. Екстрактот од семето на грејпот се користи во домаќинството (спречува развој на мувла и бактерии, ја дезинфицира водата, се бори против паразити и микроби во сточната храна), но и за лична хигиена.

Меѓу корисните квалитети на семето се набројуваат следниве својства: антиоксидантно, антиинфламаторно и антимикробно. Наведените лековити својства на овој природен производ овозможуваат екстрактот од семките на грејпфрутот да се сметаат за универзален природен лек кој се користи за широк спектар болести.

ЗА ВАРЕЊЕ – Значителен дел од дигестивните пореметувања е причинет од брз развој на патогени бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Со овие патологии, антимикробните способности на семето од грејпот можат да помогнат.

ПРОТИВ ИНФЕКЦИИ – Експертите забележале позитивен ефект на семето од грејпот во лекувањето на инфекции на уринарниот тракт. 5-6 семки ако се консумираат трипати дневно, се еквивалентни на ефектот на некои антибиотски лекови.

КАНДИДА – Оваа габичка расте во дигестивниот тракт и предизвикува дигестивни патологии. Екстрактот од семките на грејпот се покажал ефикасен во елиминацијата на оваа габа. Производот исто така, се користи и за лекување на габична инфекција на ноктите.

Екстрактот се зема орално (со препорака и упатство на лекар) и се применува надворешно на проблематичната област. Резултатите од истражувањето објавено во Journal of Alternative and Complementary Medicine, укажуваат дека овој екстракт убиштува 800 соеви вируси и бактерии, 100 соеви габички и разни паразити.

ЗА ХОЛЕСТЕРОЛ – Антиоксидантите содржани во овие семки го одржуваат “добриот” холестерол и го намалуваат нивото на “лошиот” холестерол, а служат и како добра превенција од кардиоваскуларни патологии како што се срцев удар, мозочен удар и атеросклероза.

ЗА ДИЈАБЕТЕС – За пациентите со дијабетес тип II, присуството на антиоксидантот наречен нарингенин во ова семе е исклучително корисно, што ја зголемува чувствителноста на клетките на инсулин. Овој антиоксидант придонесува за корекција на тежината која им е потребна на многу дијабетичари.

ИНХИБИТОРИ НА ОДРЕДЕНИ ВИДОВИ КАРЦИНОМ – Лиминоидите кои се наоѓаат во семките од грејпот спречуваат напредување на одредени видови карцином. Овие биоактивни суспстанции од групата фитонутриенти ги стимулираат “лошите” клетки да се самоуни-штуваат без да ги оштетат “добрите” клетки.

ЗА СЛАБЕЕЊЕ – Семето од грејпфрутот го активира метаболизмот и го коригира метаболизмот и го коригира апетитот, благотворно делувајќи врз процесот на слабеење и активирање на согорувањето на масното ткиво.

ПРОТИВ ГИНГИВИТИС – како природен антибиотик, екстрактот од семки од грејп се користи во лекувањето на болести на непцата. Во профилактички цели и за лекување на гингивитис, семето треба да се скрши и нежно да се втрие на непцето (или да се мачка со водата во која отстојало скршеното семе).

ВО КОЗМЕТИКА – Семето од грејпот се користи за нега и заштита на кожата со помош на нивните составни супстанции и тоа: линолна киселина, витамин Е, флавоноиди, процијанидини. Процијанидините ги штитат клетките на епидермисот од оксидативен стрес, ја зголемуваат еластичноста и го инхибираат предвременото стареење.

Семето од грејпот се покажало ефикасно и во лекувањето на дерматолошки заболувања предизвикани од бактерии, вируси и сл. Семето од грејп може да помогне кај акни, егземи, кандидијаза, брадавици, па дури и лишаи. Наведениот производ помага во јакнење на коренот на косата, се бори против првут, а и благотворно делува врз растот на косата.

НАПОМЕНА: Производот може да предизвика алергија. Во комбинација со други лекови може да предизвика мускулна слабост. НЕ се препорачува да се консумира за време на бременост и во текот на доењето. Иако е сосем природен лек, семето од грејпот исто како и плодот не смее да се консумира доколку пиете некои лекови и задолжително мора да се посоветувате со вашиот лекар.