Заедницата на Хрватите во Република Северна Македонија (ЗХРСМ) и Центарот за европски истражувања ЕУРОПРОСПЕРА од Скопје денеска одржаа завршна конференција во рамки на проектот „Имплементација на добри практики во унапредување на правата на хрватската и другите малцински заедници во Република Северна Македонија темелено на хрватските искуства како земја членка на ЕУ“.
Проектот, како што соопшти Заедницата на Хрватите во Република Северна Македонија, е финансиран од Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата.
Конференцијата се оддржа во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во Скопје. На конференцијата се обратија директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш, заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Џелал Хоџиќ и Невенка Костовска, претседател на Заедницата на Хрватите во земјава.
Проект-координаторот Жарко Камчев од ЗХРСМ ги презентираше реализираните активностите поврзани со проектот, предлог-препораките кои ќе се достават до Владата, кои како јавни политики, како што се наведува, ќе водат кон утврдување на правниот статус на Хрватите, како и другите малцински заедници во Република Северна Македонија, нивна зголемена застапеност во јавниот, економскиот и политички живот во земјава и придонес кон унапредување на правата на малцинските заедници, согласно европските стандарди.