Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба истакна дека за време на 90-минутната средба во Анталија со рускиот колега Сергеј Лавров разговарал за 24-часовен прекин на огнот, но не е постигнат напредок.
Тоа беше првата средба на Кулеба и Лавров откако Русија изврши инвазија врз Украина.
Кулеба по средбата со Лавров наведе дека Украина „нема да се предаде“.
– Сакам да повторам дека Украина не се предаде и нема да се предаде, посочи Кулеба.