Снимањето на специјалната нова епизода на „Пријатели“ заврши оваа недела, а обожавателите на серијата наскоро ќе имаат можност повторно да ги видат најомилените шест пријатели на сите времиња, пишува „Entertainment Weekly“.
Она што е веќе познато е фактот дека сите членови на оригиналната постава на култната серија „Пријатели“ се повторно обединети – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк за нова специјална епизода!
Проектот беше објавен во февруари 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусите, снимањето започна дури на почетокот на април оваа година.
На официјалниот инстаграм – профил на „Пријатели“ деновиве беше објавена фотографија на која креаторите на серијата објавија дека снимањето е успешно завршено.
Иако точниот датум на премиерата не е познат, познато е дека новата епизода ќе биде премиерно прикажана на платформата „HBO Max“. Сите обожаватели на серијата можат да ги најдат останатите десет сезони на популарната серија на истата платформа.
Важно е да се каже дека новата епизода не е направена според сценариото, ниту пак шестмината ќе ги повторат своите улоги. Наместо тоа, тие ќе учествуваат во некаков разговор во вид на ток-шоу и заедно присеќавајќи се снимањето на десетте сезони од 1994 до 2004 година.