Заврши протестот организиран во знак на незадовоство од изречените пресуди на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На протестот беше побарано ослободување на осудените во процесот „Монструм”, како и на лицата кои беа приведени, а дел и осудени, поради насилно однесување на претходниот собир одржан на 25 февруари.
Во обраќањата на протестот одржани во близина на седиштето на Владата, беше повторено барањето за одржување нов судски процес на обвинетите во случајот „Монструм”, со кој ќе раководат меѓународни судии и обвинители.
Бедри Ајдари од Иницијатигвата за организирање на протестот, во обраќањето побара во земјата да се практикуваат принципите на европското судство, при што, како што нагласи, нема да се прави дискриминација на обвинетите по етничка основа.
Дел говорниците на протестот порачаа дека овој осбир не е насочен против Македонците, туку дека се орагнизира само со барање за правда за сите.
Протестот започна од паркот во Чаир, од каде демонстраните се упатија по улицата „Цветан Димов” кон Битпазар и потоа по булеварот „Гоце Делчев” кон седиштето на Владата. Движејќи се по скопските улици демонстрантите, меѓу другото, скандираа: „Без правда, нема мир”, „Нашите браќа неправедно лежат во затвор”, „Али предавник” и „Ние сме автохтони”.