Дијалогот на високо ниво помеѓу Косово и Србија што се одржуваше денеска во Охрид со посредство на ЕУ заврши, објави вечерва на Твитер портпаролот за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано.

Тој посочува дека наскоро вискиот претставник за надворешпна и безбедносна поолитика и потпретседател на Еврокомисијата, Жозеп Борел ќе се обрати пред новинарите и ќе соопшти повеќе информации.

Српската телевизија Н1 го цитира Вучиќ кој им изјавил дека постигнале некаков договор, без повеќе детали и рекол дека за него е најважна Заедницата за српските општини, но потенцирал дела не потпишал ништо.

Денешните преговори меѓу Вучиќ и Курти со посредство на Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак траеја повеќе од 11 часа.

Пред трилатералната средба, Борел и Лајчак одвоено разговараа со двајцата лидери