Граѓаните на општина Бутел добија нова зелена површина, нова зелена вегетација, нанесена е висококвалитетна почва, формиран е тревник со посебен систем за полевање капка по капка, а поставени се и хидранти и прскалки со што ќе се овозможи континуирано одржување на паркот.

-Денес заедно со градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска го пуштивме во употреба целосно урбанизираниот нов парк во населеното место Расадник кој беше изведен од страна ЈП Паркови и зеленило. Она што до пред само некој месец беше запуштено место, денес е нова урбано уредена површина. Наскоро и фудбалското игралиште ќе биде пуштено во употреба кое ќе биде со специјална подлога за фудбал. Со тоа целиот овој потег ќе добие сосема нов лик, порача градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.