Највисоките ревизорски институции на Бугарија и на Македонија повторно градат мостови меѓу двете соседни земји, реализирајќи го вториот твининг проект, соопшти бугарскиот Завод за ревизија.
Темата на проектот е „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарната контрола“, а корисници се ВРИ и Собранието на Република С.Македонија.
Бугарскиот Завод за ревизија работи на овој проект како помлад партнер, а предводник е хрватскиот Завод за ревизија. Во првиот твбининг проект, што двете ревизорски куќи го спроведоа заеднички Македонија, нивните улоги беа сменети.
Проектот ќе биде официјално претставен на форум во Скопје на 8 јули. На форумот ќе присуствуваат претседателот на бугарскиот Завод за ревизија, Цветан Цветков, од хрватска страна ќе пристигне заменик-главниот државен ревизор, Неда Рогошиќ, а македонската страна ќе ја претставува претседателот на парламентот, Талат Џафери и главниот државен ревизор Максим Асевски. На официјалното претставување ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир. На состанокот онлајн ќе присуствуваат и претставници на различни институции во Скопје – парламентот, владата, обвинителството, антикорупциската комисија, како и амбасадите на Хрватска и Бугарија.
Проектот вреден 1,5 милиона евра е продолжение на препораките од првиот – подобрување на надворешната ревизија во Македонија и нејзината ефикасност, вклучително и преку плодна соработка на заводот за ревизија со парламентот, да се продолжи со усогласување на регулативите, зајакнување на административниот капацитет. Целта е, исто така, да се презентираат најдобрите практики на земјите-членки на ЕУ засновани врз меѓународните ревизорски стандарди на заводите за ревизија, да се развие меѓуинституционална и меѓународна соработка и ефективна комуникација со сите засегнати страни и на крајот да придонесе за транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните средства.
Имплементацијата на проектот почна во февруари 2021 година и ќе трае 21 месец.
Експерти од заводите за ревиизја на Бугарија и Хрватска, како и од Естонија и Германија се вклучени во различни активности.
Пректот има четири компоненти: Подобрена законска рамка поврзана со надворешната ревизија и подобрено стратешко и годишно планирање на Националниот завод за ревизија; Подобрен административен капацитет и процеси на надворешна ревизија; Подобрена функција на парламентарната контрола врз основа на презентација и дискусија на ревизорските извештаи и Подобрена надворешна и внатрешна комуникација и ИТ, и ИТ ревизорски капацитет.
Заедничката имплементација на проектот од страна на заводите за ревизија на Македонија, Хрватска и Бугарија гради мостови меѓу нашите земји и институции со една главна цел – подобрување на контролата над законското и ефективно управување со јавните ресурси, што ќе обезбеди повисок стандард на живеење Соработката меѓу заводите за ревизија станува поважна од кога и да е, бидејќи размената на искуство и заедничката работа можат да обезбедат брзи и соодветни решенија за заеднички или итни проблеми, како што се оние што се појавија сега во врска со пандемијата со Ковид 19.
Цветан Цветков изрази надеж дека оваа соработка значително ќе го подобри ревизорскиот капацитет на македонскиот Завод за ревизија, што ќе му овозможи да биде движечка сила за пристапување на Македонија во ЕУ.