Кинескиот суд денеска осуди 10 продемократски активисти и демонстранти кои се обидоа да побегнат од Хонг Конг на затворски казни од седум месеци до три години.

На судењетово Шенжен, двајца организатори на неуспешниот обид за бегство на островот Тајван на 23 август беа осудени на две и три години затвор. Останатите осуммина се осудени на по седум месеци.
Според роднините, сите обвинети ја признале вината, со намера да добијат поблаги казни.

Тие беа меѓу 12-те лица на бродот кои беа запрени од кинеските власти откако влегоа во водите на Кина, за преминување на морската граница без дозвола.

Иако Хонг Конг е дел од Кина, патниците мора да ја поминат контролата кога одат или се враќаат во останатиот дел од земјата.

Судот соопшти дека две малолетни лица од бродот нема да бидат обвинети за нелегално преминување на границата, иако тие исто така признале вина. Тие денеска беа предадени на полицијата во Хонг Конг.

Пресудите се предупредување до опозициските активисти да не се обидуваат да го прекршат законот за национална безбедност на Хонг Конг, донесен во јуни.