Затворот во Куманово подолго време се соочува со недостаток за вода за пиење, а вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, вети решение.

„Вицепремиерот Фетаи ги сослуша предизвиците со кои се соочува оваа институција, која подолг период се справува со недостаток на вода за пиење – проблем за кој тој ќе се обиде да најде решение што е можно побрзо“, соопштија од неговиот кабинет, по посетата на Затворот.

Фетаи, го оценил затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство.

Се разговарало и за можноста за зајакнување на здравствената поддршка за осудените лица, особено во делот на менталното здравје, во соработка со Министерството за здравство.

„Пенитенцијарниот систем е една од клучните столбови на правната држава и ние сме посветени на негово подобрување и развој согласно европските стандарди“, рече Фетаи./ Макфакс