Двајцата командири од затворот „Идризово“ кои му дале мито од 4.000 евра на затвореникот Јанко Јаневски за да ги преместел на работа во МВР, наседнале на истата финта – серија измами за посредство за работа во МВР, за кои тој сега лежи 9 години затвор, објави Сакам да кажам.

Командирите кои ќе одговараат за давање мито и ќе бидат суспендирани од „Идризово“ толку биле наивни, што не знаеле ни дека и претходно Јаневски за истите измамнички финти, одлежал уште две затворски казни, пишува медиумот и додава дека двајцата наивни командири не ни пребарале на Гугл за што е осуден затвореникот Јанко Јаневски, а ако го направеле тоа можеби немало да им земе по 2 илјади евра и да ги измами. Сега не работат ни во МВР ни во „Идризово“.

Јаневски на 16 септември годинав се јавил во ТВ Алфа, каде што се претставил како поранешен заменик-министер за култура, се пожалил дека го малтретирале други затвореници и му барале рекет од 4.000 евра. Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски, првично рекол дека не знае што се случува, но дека ќе провери. Откако ги повикал затвореникот и командирот на разговор директорот изјавил за ТВ Алфа: „Оваа работа не е од сега, трае подолго време. Колку што се информирав, станува збор за должничко доверителски однос меѓу нив и лично недоразбирање“.

Целиот напис прочитајте го овде.