Израелските власти наложија да се затворат плажите на израелскиот медитерански брег поради излевање на нафта од една платформа.
Официјални претставници сметаат дека овој инцидент претставува најголема еколошка катастрофа во која стотици тони нафта се излеале покрај израелското крајбрежје во должина од над 170 километри.
Активисти на еколошките организации пријавиле дека е пронајден угинат кит, кој морето го исфрлил на брегот во јужниот дел на Израел, нагласувајќи дека е утврдено оти животното настрадало од труење со нафта.
Доброволци денеска се пријавија да помогнат во чистење на загадениот брег, а локалните медиуми објавија дека е побарана и медицинска помош поради интоксикација со отровно испарување.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посети денеска една од загадените плажи и ја пофали работата на Министерството за заштита на животната средина. (МИА)