АМСМ информираше дека е затворен патниот правец Велес – Штип кај градската депонија, поради пожар кој предизвикува намалена видливост на патот.

„Од 17:45 часот во прекин е патниот правец Велес-Штип кај Градска депонија поради намалена видливост од пожар.“, велат од АМСМ.

Претходно беше објавено дека затворен е патниот правец Кочани – Виница – Берово.