Во СВР Скопје, Х.А.(38) од с.Љуботен, скопско, пријавила дека на 15.11.2024 околу 14.30  часот, додека била на работното место во продажен објект на подрачјето на Чаир во Скопје, паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот.

Полициски службеници од полициската станица Чаир го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.