Доколку уживате во домашните и традиционални рецепти, за ова попладне имаме совршен предлог за вас, направете си превкусно ќунефе…
СОСТОЈКИ:
-100 г шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 150 мл вода
– 100 г кадаиф
– 200 г моцарела
– 50 г стопен путер
– малку путер за премачкување
– фстаци
ПОДГОТОВКА:
Подгответе го шербетот од шеќерот, ванилиниот шеќер и водата. Нека врие околу 20 минути. Кадаифот ставете го во сад и искршете го, па посипете го со стопениот путер. Мало тавче подмачкајте го со путер. ставете еден ред од кадаифот и со рака притиснете да се спои убаво. Над него наредете еден ред моцарела, па наредете уште еден ред кадаиф. Притиснете нежно. Печете во рерна на 180 степени додека добие убава златно-кафеава боја. Превртете го во чинија, премачкајте ја тавата со путер, ставете го кадаифот да се допече од долната страна. На крај прелејте со шербет и оставете да се впие. Пред служење посипете со сечкани фстаци. Оваа смеса е за една порција.