Заштитните маски се враќаат во Лос Анџелес поради зголемениот број на случаи на делта-сојот. Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес побара носење маски во затворени јавни простории, без оглед на тоа дали граѓаните се вакцинирани или не.
Потегот следува по шест дена во кои се пријавени повеќе од 1 000 нови случаи на заразени со ковид-19 во округот Лос Анџелес, а заклучно со средата, речиси 400 лица се хоспитализирани, за 275 повеќе од претходната недела. Девет нови смртни случаи од Ковид-19 беа пријавени во средата.
Вчера беа пријавени повеќе од 1.500 нови случаи на заболени, што го прави округот место на „значајно“ пренесување на инфекцијата.
Другите држави исто така се борат со раст на бројот на пациенти со мутираниот вирус познат како Делта .