„Заштита од џебни кражби и измами“ е новата проектна кампања која, отсекот за превенција при СВР Охрид, ќе ја реализира на целото подрачје што го покрива.

Проектните активности започнаа во Охрид при што, полициски службеници од Отсекот за превенција, на повеќе локации во градот, остварија средби со граѓани и низ кратки разговори, им укажаа на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со низа практични совети, со цел заштита на нивните вредни предмети и друга лична сопственост, како и зголемување на безбедносната култура.

Оваа проектна активност ќе биде реализирана и на подрачјето на Струга, Кичево и Дебар и е во рамките на концептот „Полициско работење во заедницата“, кое подразбира градење посилен партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните во спречување, намалување, откривање и решавање на безбедносните проблеми и предизвици.