Засега нема најава за рестриктивни мерки на границите. За конкретни наши евентуално препораки ќе разговараме оваа недела на состанот на Комисијата за заразни болести. Тоа што се уште не се знае, а чекаме да излезат публикации се информациите кои ни требаат во врска со тежината на клиничката слика односно да видиме како се однесува овој вирус кај луѓе кои се или не се вакцинирани. Затоа акцент ставаме на вакцинацијата. Апелираме што поголем број граѓани да се вакцинираат поради тоа што после оваа мутација може да дојде некоја друга, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Како што е познато до вчера имаше 10 потврдени случаи на Делта-сојот од коронавирусот, а постоеше можно воведување на ПЦР тест за сите патници кои доаѓаат од ризичните земји, односно од земјите каде бројките растат.