Резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на државата и црвените линии во однос на националните прашања, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја достави во Собранието најдоцна до утре. Од опозициската партија очекуваат таа да биде прифатена од страна на сите парламентарни групи во Собранието. За документот поддршка дадоа пратениците од македонскиот блок партии, ДУИ бара дополнително усогласување, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива својот став го најавија за денеска. Откако ќе влезе во собраниска процедура, претседателот на Собранието Талат Џафери треба да ја стави на пленарна седница.