Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови мерки, а следниот состанок е закажан за вторник идната недела. Останува на сила полицискиот час кој трае од 22 до 05 часот изутрина. Инаку, според здравствените власти државата моментално се наоѓа во третиот бран од коронавирус, а пикот веќе од следните недели ќе започне да се намалува.