,/center>

Објавена е листата на најбогатите британски познати личности помлади од 30 години. Музичарот Хари Стајлс го освои првото место. Пред него на таа позиција бил и Ед Ширан, но бил отстранет од листата кога наполнил 30 години, пишува магазинот Heat кој ја составил оваа листа.

Хари го направи своето богатство преку неговата музичка кариера и неговиот последен многу успешен албум Harry’s House. Тој албум го вклучи хитот As It Was, кој помина шест недели на врвот на музичките топ листи во Велика Британија. Глумеше и во холивудските филмови како „Не грижи се мила“ и „Мојот полицаец“, а се појавуваше и во реклами. Неговото богатство се проценува на 116 милиони фунти.

На второ место е Дуа Липа

На оваа листа на богати луѓе влегол во 2016 година, кога имал приход од 37 милиони фунти. На второ место се најде музичарката Дуа Липа со заработка од 69,1 милиони фунти. Таа оваа заработка ја оствари со албумот Future Nostalgia и светската турнеја оваа година, со која за само два месеци заработи 35 милиони фунти.

Третото место и припадна на манекенката Кара Делевињ. Нејзината заработка од 63,8 милиони фунти е резултат на соработката со Burberry, Rimmel, Chanel и Puma, а нејзината компанија Cara & Co минатата година оствари профит од 7,2 милиони фунти.

Ова е топ-листата на британски богаташи помлади од 30 години:

  1. Хари Стајлс, 28 (116 милиони фунти)
  2. Дуа Липа, 27 (69,1 милиони фунти)
  3. Кара Делевињ, 30 (63,8 милиони фунти)
  4. Ниал Хоран, 29 (58,4 милиони фунти)
  5. Луис Томлинсон, 30 (48,3 милиони фунти)
  6. Лиам Пејн, 29 (47,4 милиони фунти)
  7. Зејн Малик, 29 (38 милиони фунти)
  8. Сем Смит, 30 (37,8 милиони фунти)
  9. Дејзи Ридли, 30 (36,1 милиони фунти)
  10. Џон Бојега, 30 (28,8 милиони фунти)
  11. Стормзи, 29 (27,8 милиони фунти)
  12. КСИ, 29 (26,4 милиони фунти)
  13. Луис Капалди, 26 (20,3 милиони фунти)
  14. Мили Боби Браун, 18 (19 милиони фунти)
  15. Џејд Тирлвол, 29 (17,5 милиони фунти)
  16. Пери Едвардс, 29 (17,5 милиони фунти)
  17. Том Холанд, 26 (15,7 милиони фунти)
  18. Џорџ Езра, 29 (15,5 милиони фунти)
  19. Софи Тарнер, 26 (14,7 милиони фунти)
  20. Томи Малет, 30 (14,7 милиони фунти)
  21. Сем Фендер, 28 (10 милиони фунти)
  22. Чарли XCX, 30 (9,2 милиони фунти)
  23. Мејси Вилијамс, 25 (9 милиони фунти)
  24. Саоарсе Ронан, 28 (8,1 милиони фунти)
  25. Дејв, 24 (7,4 милиони фунти)
  26. Моли-Меј Хејг, 23 и Томи Фјури, 23 (6,5 милиони фунти)
  27. Џејк Баг, 28 (6,4 милиони фунти)
  28. Џоди Комер, 29 (6,2 милиони фунти)
  29. Маја Јама, 28 (5,3 милиони фунти)
  30. Амбер Гил, 25 (4,5 милиони фунти)