Вечерва почнува тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во паркот „Шопен“, во близина на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода.
Од 19:00 часот ќе настапи Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи музичкиот проект Пауза за ракија на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров.
Паркот е празнично уреден и збогатен со новогодишни куќарки со топли напитоци и празнична храна, а организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да уживаат во предновогодишната атмосфера.
Настанот е отворен за јавноста.
Текстот Започнува тридневната „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.























