Организацијата КАБ Струга 2017 започна со имплементација на проектот „Јавни ресурси, јавна одговорност“. Целта на овој проект е мониторинг на користењето на административните ресурси за време на изборната кампања за локалните избори во октомври 2025 година во општините Струга, Дебар и Центар Жупа.
Преку овој процес се има за цел да се открие и спречи злоупотребата на јавните ресурси од страна на општините и општинските претпријатија, придонесувајќи кон транспарентен, правичен и еднаков изборен процес.
Во рамките на проектот ќе бидат ангажирани лица за мониторинг на терен, ќе се реализираат средби со медиумите и организациите на граѓанското општество, како и панел-дискусија со граѓаните.
Овој проект претставува значаен чекор кон заштита на изборниот интегритет и изградба на поодговорна демократија на локално ниво, како и подигање на јавната свест преку локалните медиуми во врска со проектот.
Проектот е дел од пошироката иницијатива финансирана од Владата на Обединетото Кралство со поддршка на Британската амбасада во Скопје, како и на „Програма за поддршка на изборите“ на Швајцарската програма за соработка во Северна Македонија, имплементиранa од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Мислењата и содржините претставени во ова соопштение не ги одразуваат мислењата на донаторите или на ИФЕС.