Во Холандија, со мало задоцнување во споредба со другите земји – членки на ЕУ, денеска започна процесот на вакцинација.
Медицинската сестра Сана Елкадири (39), која се грижи за лица со деменција во Дом за нега на стари, е првата личност која е вакцинирана против коронавирус во Холандија. Таа ја прими вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ и изјави дека воопшто не се двоумела дали да се вакцинира.
Холандскиот министер за здравство Хуго де Јонг по повод вакцинацијата рече дека „ова е почеток на крајот на кризата“.
Јавноста во Холандија реагираше минатиот викенд бидејќи земјата беше меѓу последните во ЕУ што одлучија да започнат вакцинирање, а премиерот Марк Руте рече дека вакцинацијата должи поради „логистички проблеми“.
– Главниот проблем беше што ја примивме вакцината порано отколку што очекувавме. Тоа беше различна вакцина од онаа што ја очекувавме, па затоа не беше можна флексибилност, рече премиерот Руте. (МИА)