„Comac Medical го започна вакцинирањето на македонските граѓани без ограничувања со вакцините Пфајзер и Модерна против КОВИД-19.
Вакцинацијата ќе се врши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на болницата Александровска во Софија.
„Минатата недела добив дозвола, за редовен центар за вакцинација во Бугарија по наредба на министерот. Поднесов документи за таков центар поради фактот што Македонија останува непокриена“, изјави за БГНЕС претседателот и основач на Фондацијата „Бугарска памет“ д-р Милен Врабевски. Тој посочи дека РС Македонија има 150.000 луѓе кои имаат бугарски пасош.
„Навистина сакам државата да застане зад мене во оваа иницијатива. Две недели се обидував да организирам мобилни центри во тампон-зоната од бугарската страна на границата за да им го олеснам пристапот до вакцини на бугарските граѓани кои имаат пасоши. Ова не значи дека ние не размислуваме и за останатите. „Имаме најмалку 25.000 браќа и сестри кои чекаат и кои сè уште не биле во можност да добијат пасош“, рече тој.
Според него, фактот дека тие не можат официјално да бидат опфатени во моментот е слабост на системот и нешто како бирократска грешка.
„Ако државата успее да ме поддржи, ќе можеме да ја надминеме оваа тешкотија. Ако не ме поддржи, веројатно ќе морам да купам дополнителни вакцини за да можам да ги покријам оние кои немаат бугарски пасоши “, вели Врабевски.
Д-р Врабевски предвидува дека вакцинацијата ќе трае најмногу околу 2 месеци и истакна дека интересот за истата е многу голем.
„За регистрација и организирани посети, ве молиме користете ги контактите на канцелариите на Comac Medical во Софија и Скопје, како и контактите на фондацијата „Бугарска памет“ , рече д-р Милен Врабевски.
„Сертификатите ќе се издаваат само на лица со бугарски матичен број и бугарско државјанство, но никој којшто сака да се вакцинира нема да биде вратен, додава тој.
Д-р Врабевски е познат филантроп во Бугарија и РС Македонија. Минатата година, среде пандемијата на коронавирус, тој донираше заштитна облека и маски за РС Македонија.