Запленети се 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во заедничка акција што ја спроведоа вчера на територијата на Скопје Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција.
Предмет на акцијата, соопшти денеска Царинската уптава, беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.
-Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од Царинската управа.