Шефот на германската дипломатија, Хајко Маас, го обвини Техеран за натамошна нетранспарентност, што од Иран се бара согласно нукеларниот договор од 2015 година.
Маас вчера го повика Иран да го прифати дипломатскиот совет што доаѓа од Западот, со цел да се зачува нуклеарниот договор од 2015 година.
Тој го обвини Техеран за натамошното прикривање на транспарентноста што од Иран се бара согласно договорот од 2015 година, откако Исламската република од вторникот почна да им забранува на меѓународните инспекции да ги посетуваат нуклеарните постројки, пренесуваат американските медиуми.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Иран кон своите залихи додаде уште 17,6 килограми збогатен ураниум од 20 проценти и дека чистотата е надмината за 3,67 проценти согласно претходно утврдениот договор.
-На крајот Иран ќе мора да сфати дека е важно да се смират тензиите и да се прифати понудата за дипломатското решение, што е на маса, вклучувајќи го и тоа од САД, рече Маас.
Кршењето на договорот претставува сериозен проблем за американскиот претседател Џо Бајден, кој сака да ја поништи одлуката на неговиот претходник Доналд Трамп од 2018 година за едностраното напуштање на САД од нуклеарниот договор со Иран. Веднаш потоа, Вашингтон воведе економски санкции против Иран.