Русија го стави под лупа Западен Балкан во време кога нејзините држави го кристализираа своето верување во членството на НАТО. Во 2016 година, Балканот беше потресен од настаните кога десетици луѓе, главно просрпски и проруски националисти, се обидоа да направат државен удар против црногорската влада за да ја држат земјата надвор од НАТО. Според обвинението, имале намера да ја преземат контролата над парламентот на земјата за време на парламентарните избори, да го убијат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ и да инсталираат проруско раководство.
Едуард Шишмаков и Владимир Попов, двајца офицери на руската воена служба, беа осудени во отсуство на 15 и 12 години затвор, за обид за тероризам и за создавање на криминална организација. Во 2018 година, кога меѓународната јавност беше шокирана од труење со нервен гас новичок на поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал (двоен агент за Велика Британија) и неговата ќерка Јулија на 4 март 2018 година, 14 земји од ЕУ одговорија со низа протерувања. И Албанија ја зголеми будноста протерувајќи двајца руски дипломати, Владислав Филипов и Алексеј Балашов, со образложение дека „нивната активност не е во согласност со дипломатскиот статус“.
Во мај 2019 година, Владата на Косово го прогласи персона нон – грата рускиот вработен во Мисијата на Обединетите нации при УНМИК, Михаил Красношченков, кој, според приштинските власти, постапил спротивно на уставниот поредок на Косово, забранувајќи го спроведување на законот на северот на земјата. Подоцна, ЕУ и НАТО сериозно ќе ги испитаа постапките на руските агенти расфрлани низ цела Европа, кои според студиите имаа две цели, кражба на информации од НАТО и спречување на натамошното ширење на овие земји кон НАТО. Од овие истраги ќе се дознае дека токму двајцата агенти што го затруле со нервен гас Скрипал во Велика Британија, Александар Евгенијевич Мишкин и Анатолиј Чепиг, исто така биле мозокот на експлозијата на складиштата за оружје во чешкиот град Врбетице. За непријателскиот чин, Чешка протера 18 руски дипломати од земјата.
Во меѓувреме, по труењето на бугарскиот продавач на оружје Емилијан Гебрев во 2015 година, како и по серијата пожари во четири складишта за муниција наменети за Украина и Грузија, Бугарија исто така го вклучи алармот за руска интервенција. Како дел од истрагата, Бугарија, исто така, најде кртови во системот; петмина функционери на бугарското Министерство за одбрана беа уапсени како регрути од Русија за шпионирање и откривање информации што ја загрозуваат безбедноста на Бугарија, ЕУ, НАТО и САД. Покрај нестабилноста и анти-НАТО, Русија го крши меѓународното право со распоредување воени трупи и оружје во близина на источната граница со Украина. Откако ја презеде контролата над Крим пред неколку години, Русија сега ги поттикнува и вооружува бунтовниците против украинската власт со кршење на примирјето 224 пати. НАТО предупреди на мерки, санкции од САД и ЕУ, додека руските трупи сè уште продолжуваат да создаваат гранични тензии до ден- денес.
Додека внатре, руската служба во август 2020 година го отру активистот и опозиционер, Алексеј Навални со нервен гас Новичок. По третманот во Германија, Навални се врати во земјата, директно во затвор за друго дело иницирано од руската влада. Пред само неколку дена, тој го прекина штрајкот со глад, се појави пред судот, обвинувајќи го рускиот претседател дека со замолчување на опозицијата, има намера да ја задржи власта и да управува со Русија засекогаш. Навални го опиша Путин како „гол крал кој ограбува луѓе“ негирајќи на Русите иднина.
Алсат