Сите земји од Западен Балкан од денеска се на епидемиолошката „зелена“ листа на Австрија. Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила денеска, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега само Србија, Северна Македонија и Албанија, беа на „зелената“ листа, а сега ќе се наоѓаат и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.