Замрзнувањето на меморандумите што произлегуваат од Договорот од Преспа во грчкиот парламент не се проблем за премиерот Зоран Заев. Премиерот вели дека чекавме две години за нивно ратификување и може да се почека уште неколку месеци. Заев ја објасни терминологијата според Преспанскиот договор и потврди дека погрешил при користењето на терминологијата според Преспанскиот договор.
Македонската опозиција смета дека одговорот на грчката влада е пакт меѓу Софија и Атина за да го претстават Скопје како причина за дипломатски превирања на Западен Балкан. Поранешниот пратеник Илија Димовски вели дека на македонската дипломатија и треба нова стратегија кон двете соседни земји.
По објавата на Твитер од премиерот Зоран Заев дека тој е во Холандија и дека присуствува на натпреварот на Македонската фудбалска федерација, грчката влада соопшти дека нема да ги ратификува меморандумите за економска соработка меѓу двете земји, за штитењето на македонското небо од грчка страна и за техничка помош за разговори со ЕУ. Тие требаше да се ратификуваат во грчкиот парламент на 10 јули но според официјална Атина, за нив ќе се одлучува во септември.