По барање на Обвинителството, Кривичниот суд ја замрзна сметката и имотот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој е во притвор. Како што појаснуваат од судот, станува збор за имотот кој се води на името на неговите две малолетни деца.

Оттаму додаваат дека во исто време претходно изречените мерки за обезбедување на осомничените се продолжени за нови 30 дена, односно ова значи дека Рашковски и понатаму ќе остане во домашен притвор.

Рашковски е осомничен бидејќи за него се води постапка под сомнение дека како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци иако министерството за внатрешни работи тоа не го побарало и не го користи софтверот.