Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, прашан за заминувањето на работната сила од земјата, изјави дека политиките на претходната Влада оставија последици на пазарот на работната сила, бидејќи, според него, работната сила била продавана за малку пари и како последица на тоа граѓаните заминуваа и продолжуваат да си заминуваат од земјата.

Битиќи рече дека граѓаните се уште не се уверени дека во Северна Македонија може да се најде работно место каде работодавачите плаќаат добро.