Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде остварија средба со директорот, Проф. Д-р Перишиќ, и медицинскиот тим.

При посетата, претставниците беа запознаени со здравствената состојба на трите пациенти хоспитализирани во оваа установа. Според информациите добиени од медицинскиот персонал, двајца пациентите се во стабилна состојба, додека еден пациент е во потешка состојба, но истите остануваат под внимателен лекарски надзор и соодветна терапија.

Министерството за здравство изрази длабока благодарност до медицинскиот персонал на Универзитетскиот клинички центар во Ниш за нивната посветеност и поддршка во овие тешки моменти.