Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска ја посети општина Боговиње каде заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини и градоначалникот на општина Боговиње Џемаили, извшија увид во реконструкцијата на водоводната мрежа на н.м Камењане.
Со овој проект се предвидува реконструкција и рехабилитација на старата водоводна мрежа во населено место Камењане. Основната цел е проектирање на современ функционален водоснабдителен систем за водоснабдување со вода за пиење и санитарни потреби.
“Министерството за транспорт и врски е силно посветено на континуирана поддршка на општините преку разни програми со кои реализираме капитални проекти од огромно значење за граѓаните и локланите самоуправи.
Денеска сме присутни да дадеме посебен фокус на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во Камењане. Предвидено е да се реконструираат 13.5 км водоводна мрежа и тоа 8.5 км од првиот извор (Синички извор) и 5км од вториот извор (Бели води). Со овој проект ќе се обезбеди од 20,00 л /с што е доволна за потребите на околу 5 илади жители што живеат на ова н.м. За овој проект обезбедени се се 244. илади евра од МТВ и очекуваме да биде завршен во рок од 9 календарски месеци. Дополнително обезбедени се уште 350 илади евра за реконструкциа на водоводот во н.м Палчиште.” – изјави Реџепи
Заменикминистерот Реџепи потенцираше дека општина Боговиње има природна географска положба на коридорот 8 кој е од стратешко значење за нашата држава. Како влада посебно сме фокусирани на негова доизградба и нашите планови за овој регион се изградба на нов автопат на Гостивар кон Тетово.
Реџепи додаде дека ова влада се заложува за подигнување на квалитетот на живот во секоја општина се видливи на терен и се потврдуваат со бројните проекти што досега го реализиравме и тие што ги работиме во моментов насекаде низ државата.
За градоначалникот Џемаили инвестициите во инфраструктурата ќе придонесат за побрз развој на општината и подобрување на условите за живеење на жителите на општината.