Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна посета на СВР Куманово.
Во рамки на посетата беше разговарано за севкупната безбедносна состојба на територија на Куманово вклучително и настаните со знамето и синоќешното опожарување на три возила и еден објект.
Беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна а овие изолирани случаи дел се целосно расчистени а дел се работи на нивно расчистување и изведување на сите прекршители пред лицето на правдата.
Заменик министерот Исени уште еднаш истакна дека одржувањето на безбедноста, мирот и спокојот на граѓаните се апсолутен приоритет на полицијата и секој што ќе се обиде на било каков начин тоа да го наруши ќе биде спречен и санкциониран од страна на полицијата и изведен пред лицето на правдата.