Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Скопје ќе учествува на конференција посветена на Европските денови на култруното наследство.

На конференцијата, како што соопшти Министерството  за европски прашања, свои обраќа ќе имаат и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, раководителот за соработка од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефан Худолин, Мигел Џон Верслус, академик и професор на Лиден Универзитетот од Холандија, проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитет Скопје, како и други познати и признати имиња во областа на образованието, историјата и истражувањето на културното наследство од Европа и Западен Балкан