имитар Ковачевски одговарајќи на обвинувањата на лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов дека СДСМ И ДУИ подготвуваат амнестија во договор со ВМРО – ДПМНЕ за да обезбедат гласови за уставните измени.
Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада, најави Ковачевски кој одговараше на прашања за законите за амнестија и Кривичниот законик. Ковачевски истакна дека претходно законот за амнестија за помали кривични дела е презентиран на Владина седница, но заради технички усогласувања со секторот законодавство даден е период до утрешната седница на Влада.
-И како таков откако е усогласен, односно откако ќе биде усогласен ќе биде поднесен до Собранието, потоа од пратениците зависи дали ќе биде донесен, во која форма ќе биде донесен и кога ќе биде донесен, рече Ковачевски.
Прашан зошто на Кривичниот законик не е потпишан министерот за правда, Лога, туку заменик министерот за правда, Ковачевски со одговор дека согласно Законот за Влада може да биде потпишан или од министер или заменик министер, а во зависно од тоа кој бил вклучен во процесот.
На новинарско прашање за сомнежот кај Европската Унија за измените на Кривичниот законик и законот за амнестија дека со нив се охрабрува неказнивоста, Ковачевски нагласи дека овие зкаони се усогласени со праксите во ЕУ и оти ние сме држава која се стреми за членство во ЕУ, со почнат скирнинг процес.
– Кога ќе го видите и нашиот Кривичен законик со последните измени, тогаш ќе видите дека се работи за идентичен закон со направени измени на законодавството во Германија, Франција, Словенија и во однос на одредби и во однос на висина на казни. За такво нешто од шпекулациите нема никаква вистина, тоа и се потврди бидејќи помина скоро месец откако е донесен и ништо драматично се нема случено. Ниту некој бил аменстиран за нешто, туку си продолжуваат процеси врз 422 основи, по кои секој може да биде гонет во оваа држава, а не по општи одредби кои доаѓаат од законодавства од минатото, рече Ковачевски.
Во однос на реакциите на Европска комисија за злоупотреба на европско знаменце, претседателот на Владата образложи дека има цела коресподентна табела во однос на усогласеност со директивите 42/2014 итн.
– Имените за кривичниот законик се расправале на Владина седница, биле доставени до Собранието, сите пратенички групи присустуваа на пленарната седница кога се утврди дневниот ред, сите пратенички групи присустувале на Комисијата за европски прашања и потоа беше изгласан на пленарна седница. Законот за амнестија кој се однесува на помали кривични дела, беше презентиран на Владина седница и ќе биде поднесен до Собраието. Од пратениците зависи дали ќе биде донесен во која форма и кога ќе биде донесен, нагласи Ковачевски.
-Јас не можам да зборам во име на други, но таа одлука е донесена едногласно на Влада и е помината во Собрание и е усогласено со законодавтсво на Европска Унија. Еве земете го германското законодавство, јас многу добро го знам германското законодавство и ќе видете какви членови има и ќе видете дали има такви членови кои кај нас ги има, потоа земете ја висината на казните во Словенија, бидејќи ние за некои работи сакаме да се повикуваме на Германија, сакаме да се повикуваме на Словенија, ама некогаш сакаме да не се повикуваме ниту на Германија, ниту на Словенија. Туку ако може да се повикаме на Азербеџајн, Казахстан, знаете тоа некако ми изгледа со двојни аршини, вели Ковачевски.
Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Ковачевски истакна дека се е сработено согласно Закон и согласно со процедурите и какошто вели не гледа ништо спорно во тоа и има изјави од екпсерти коишто потврдија дека усогласувањето е направено согласно законите.
-Сакаме да кажеме дека во ЕУ не владее право, еве јас ќе ви поставам прашање вие јавете се во Брисел, кога во Европски парламен ги фатија дека местеле во светско првенство во фудбал, проверете по кој член од Кривичен законик ги гонат. Еве истражувачка новинарство малку у Брисел да видеме по кој член од Кривичен законик ги гонат, вели Ковачевски.
Посочи дека Европската комисија укажала на употребата на европското знаменце на носењето на измените, какошто вели Ковачевски има табела во којашто има усогласеност со директивите 42/2014 итн. Значи има коресподентна табела во однос на усогласувањето, рече Ковачевски.
Прашан за кавгите во ВМРО ДПМНЕ, Ковачевски со одговор дека не сака да коментира динамика во други полтички партии.
-Јас неколкупати имам кажано дека клучна работа во државата е да сите се обиденеме во градење на една европска држава, да заедно во Собранието ќе го отворат патот кон полноправно зачленување во ЕУ. Ние пред една година започнавме процес на скрининг, кој значително успешно се одвива и затоа никој не поставува прашање. Да се одвиваше лошо, веројатно ќе имаше прашање за скринингот. Меѓутоа тој успешно се одвива, вели Ковачевски.
Тој истакна дека предстои одлука во македонското собрание со двотретинско мнозинство за уставните измени, а со цел да се отворат поглавјата и кластерите. Ковачевски е оптимист дека штом ќе се остварат кластерите, првото поглавје ќе биде затворено уште во февруари 2024, бидејќи во тој дел нашата држава е подготвена институционално, законски, кадровскиот потенцијал со кои располагаат соодветните институции.
Јас секогаш сум верувал дека во опозицијата има луѓе коишто сакаат да ја видат земјата, како земја членка на ЕУ, ако некој ја увидел грешката од изолација на државата, тоа е ВМРО ДПМНЕ, подвлече Ковачевски.
Забележа дека носењето на стратешките одлуки за државата се тешки одлуки, а нашата држава според Ковачевски го имаше најтешкиот пат за зачленувањето и во НАТО, а сега и во ЕУ.