Русија е подготвена да разговара за прашањата за деескалација и спречување на инциденти со Северноатлантската алијанса, но без ангажман на воени експерти овој дијалог би немал смисла, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова .
“Русија не избегнува дијалог со НАТО и е подготвена за вистинска дискусија за прашања на деескалација и спречување на инциденти. Но, без вклучување на воени експерти разговорите за овие прашања навистина не би имале смисла. Г-дин Столтенберг е свесен за тоа”, Рече Захарова во својата изјава.