Заблуда е дека после изборите ставот на Бугарија кон Северна Македонија ќе се промени, тврди бугарската министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
-Ако нешто се смени, тоа ќе биде полошо за нив. Ние сакаме надминување на стереотипите од минатото, запирање на воспитувањето и основањето на нација базирано на антибугаризмот, запирање на јазикот на омраза, запирање на воспитувањето на омраза кон бугарското“, изјавила Захариева за БТВ.
Таа уверува дека ништо тајно нема во акцискиот план, каде не се спомнуваат идентитетските прашања, туку доминираат економски и инфраструктурни проекти.
-Имаме доста поплаки од бугарските фирми, од бугарските универзитети, кои сакаат да се акредитираат. Имаме фирми кои развиваат бизнис, а имаат непотребни и сомнителни административни проблеми. тврди Захариева.