-Пред четири години, Грција беше виновна за Скопје, две години подоцна беа виновни уште две земји – Холандија и Франција, сега е виновна Бугарија. Скопје не треба да бара причини од надвор за недостаток на реформи во земјата, рече поранешниот министер за надворешни работи во интервју за Брисел 1.
На прашањето дали Бугарија треба да реагира ако малку луѓе се изјаснат како Бугари на пописот, со оглед на тоа што 120.000 луѓе од РСМ зеле бугарски пасоши по потекло, Захариева рече дека откако Бугарија реагирала на серија случаи на кршење на човековите права на лица со бугарската самосвест, има луѓе кои веќе даваат писмени сигнали, иако стравот сè уште постои.
-Тогаш кога не можете да најдете работа или да ја изгубите работата само затоа што имате јасен бугарски идентитет, кога агенти на нивната национална безбедност ве посетуваат без причина, тогаш кога ќе ви се отстранат броевите на автомобилот, само затоа што се бугарски, кога таму има притисок повеќе од 80 години, стравот е разбирлив, но бидејќи ја видоа поддршката на Софија и видоа дека Бугарија нема да молчи, некои од нив престанаа да се плашат. Но, стравот е сè уште тука. Видовте што се случи со нивниот изведувач за Евровизија, беше толку јавно пред целиот свет. Значи, се надевам дека Скопје повеќе нема да го негира ова“, рече Захариева.
Захариева поради страв не очекува сите оние кои добиле бугарски пасоши да се декларираат како Бугари за време на пописот. Според неа, властите во РСМ ќе овозможат таму да има помалку Бугари.
-И Европа и ние ќе го следиме пописот на РСМ да се спроведе според сите европски стандарди и правила.