„Предложивме еден протокол кој што требаше да ги затвори прашањата што де факто тие ги отвараат, затоа што според нас, јасна е клаузулата за јазикот во Договорот од 2017 година, според нас е јасна клаузулата и за историјата но нема анекс, не постигнавме никаква согласност. Веќе не помнам колку точки беше тој протокол. Нема како да се постигне нешто кога другата страна нема желба за тоа. Ние имаме Договор, за нас тој е јасен, бараме тие да го спроведуваат, работиме на план за неговото спроведување што треба да го има секоја година. Но минатата година тие не ја свикаа комисијата, разбирливо е поради ковидот и изборите таму и сега работиме за следна седница на комисијата“, изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, во емисијата бугарската Нова телевизија, одговарајќи на прашањето дали имало анекс кон Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија во 2017 година.
Захариева повторно истакна дека РС Македонија треба да го спроведува Договорот за добрососедство, да не ги воспитува идните генерации во омраза кон Бугарија и се што е бугарско и да го прекине говорот на омраза, ако сака да ја добие поддршката на Бугарија за почеток на преговорите за влез во ЕУ.